Дронот, за кој руското Министерство за одбрана тврди дека е украински, бил соборен на мала височина додека се приближувал до воениот аеродром „Енгелс“ во регионот Саратов. Коментар од официјален Киев за инцидентот сè уште нема
Руската противвоздушна одбрана собори украинско беспилотно летало во близина на воздухопловна база во јужна Русија, а остатоци од дронот убиле три лица на земја, јави утрово агенцијата Франс прес повикувајќи се на руската државна новинска агенција ТАСС.
„Украински дрон беше соборен на мала височина додека се приближуваше до воениот аеродром ‘Енгелс’ во регионот Саратов на 26 декември околу 1:35 часот по московско време (22:35 часот по средноевропско време)“,
се вели во извештајот на руското Министерство за одбрана.
There are reports of Air Raid Sirens and Explosions being heard at Engel’s Air Force Base in the Saratov Region of Russia, this Air Base is a Major Bomber Base and is the primary Operations Base for the Tupolev Tu-160 “Blackjack” Heavy Strategic Bomber. pic.twitter.com/XciJuje56u
— OSINTdefender (@sentdefender) December 26, 2022
Тројца руски техничари на аеродромот биле смртно повредени при падот на делови од погодениот дрон, се додава во извештајот.
На 5 декември Москва објави дека украинските беспилотни летала предизвикале експлозии на аеродромот „Енгелс“ и во уште една база во регионот Рјазан.
Коментар од официјален Киев за инцидентот сè уште нема.
Русија претходно ја обвини Украина за напади со беспилотни летала на нејзина територија и на Крим.
Имено, кон крајот на октомври, Русија ја обвини Украина за „масовен“ напад со беспилотни летала врз нејзината црноморска флота во пристанишниот град Севастопол на Крим.
Нападот врз Енгелс беше најдлабокиот напад на руска територија од почетокот на борбите.
Агнецијата Интефракс, цитирајќи го Министерство за одбрана, објави дека руските трупи ги репозиционираат ракетните системи за противвоздушни одбрана каде дел од мерките за одбрана од ракетни и воздушни напади од Украина.
Тимови што ги опслужуваат системите С-300В „заземаат нови позиции“ на руските ракетни системи земја-воздух со долг дострел, објави новинската агенција.
„Единиците за противвоздушна одбрана на западниот воен округ продолжуваат да работат деноноќно во областите на новата позиција на борбена должност“,
соопштиле од Министерството за одбрана на Русија.
Западниот воен округ, еден од петте руски воени окрузи, вклучува региони кои граничат со Украина. Меѓу овие региони се Белгород и Брјанск, а западниот воен округ ја опфаќа и Калининградската ексклава.
Цитирајќи воен командант, Интерфакс наведува дека батеријата С-300В е способна да следи цел на растојание до 204 километри и на надморска височина до 30 километри.