Погледнете го новото издание на емисијата „360 степени”, емитувано на 27 април 2026 г. на МРТ 1, во кое гостуваат националните координаторки за имунизација и за трансплантација, Александра Грозданова и Билјана Кузмановска
Опфатот со вакцинација во 2025 г. и измените во законот за органодарителство се во фокусот на новото издание на емисијата „360 степени“ на МРТ 1, во кое гостуваат националната координаторка за имунизација Александра Грозданова и националната координаторка за трансплантација Билјана Кузмановска. Статистиката за претходната година што неодамна ја објави Институтот за јавно здравје, во однос на примарната вакцинација покажа дека кај сите вакцини опфатот е под 80%, а посакуваното ниво е најмалку 95% заради постигнување колективен имунитет. МРП-вакцината против мали сипаници, рубеола и заушки ја примиле само 63% од оние што требало. Кај трансплантацијата, пак, од почетокот на година се регистрирани седум случаи на потенцијален донатор во кои семејствата не дале согласност за земање и пресадување орган(и) кај пациент(и) на кои им се потребни. Измените на законот што се во подготовка предвидуваат можност секој граѓанин, со изјава кај матичен лекар, да даде согласност да биде органодарител за одлуката де не останува на семејствата.
