Погледнете го новото магазинско издание на емисијата „360 степени“ емитувано на 14 мај 2026 г. на МРТ 1
Во новата епизода:
– апели за внимателност откако министерот Тошковски се заложи за дигитална алатка со која при повик од жртва на семејно насилство полицијата ќе може да ги преземе аудио и видеосигналот од телефонот;
– дали Здравство ќе ги смени ограничувачките елементи од техничката спецификација на тендерот за сто амбулантни возила: „сè што има логика, сè што е за подобрување на техничката спецификација, би било ненормално да не се прифати“, вели министерот Азир Алиу;
– Државниот универзитет во Тетово во битка со наодите на Државниот просветен инспекторат дека при изборот на Арбреша Беџети-Ферати за редовна професорка на Медицинскиот факултет се прекршени 15 законски и статутарни одредби;
– „Саботажа“.
