Погледнете го новото магазинско издание на емисијата „360 степени“ емитувано на 7 мај 2026 г. на МРТ 1
Теми за ова издание на емисијата:
– проверивме што се случува со предистрагата на ОЈО ГОКК за надзорот над „Бехтел и Енка“ и дојдовме до серија изненадувачки сознанија – МВР година и пол не одговорило на наредба од обвинителството, а најекспонираната фирма од надзорот – онаа што некогаш произведувала долна облека, добила ново име и нов сопственик;
– регистрација на работното време во болниците со отисок од прст – на воведување на системот, кој веќе се тестира на неколку клиники, се противат Лекарската комора и синдикатот на Клинички;
– што е вистина, а што пропаганда во информациите дека Грција го суспендирала фотографирањето и скенирањето прсти за српските и британските државјани; што може да очекуваат македонските граѓани;
– успешен бизнис од кој живеат 30 семејства во речиси иселен дел од земјава е под закана да престане да работи бидејќи државата инсистира да изгради пат до приватна хациенда која на хартија требало да биде болница;
– „Саботажа“.
