Погледнете го новото магазинско издание на емисијата „360 степени“ емитувано на 14 ноември 2022 г. на ТВ Алсат
Теми во оваа емисија:
– Дали пресудата против крушевчанка која при државно вработување еднаш рекла дека е Влаинка, а другпат Македонка е одговор на злоупотребите на ,,балансерот” – каква е праксата на судот во Стразбур;
– Четири години по првите сознанија, се проверува дали и колку од опасниот линдан од ,,Охис” е одлаган над скопско Драчево – мештани сведочат за пцовисана стока и плуски по рацете;
– Што мислат земјоделците за одлуката на Владата да го смени моделот на субвенционирање – слика од терен;
– Антикорупциска стигна до 20 години постоење – разговараме со актуелното раководство и со дел од ,,основачите”;
– Ново издание на „Саботажа“.