Погледнете го новото магазинско издание на емисијата „360 степени“ емитувано на 27 март 2023 г. на ТВ Алсат
За ова издание подготвивме:
– Дали конзорциумот на „ИРД инженеринг“ со лажни податоци стигнал до договорот за надзор на автопатите на „Бехтел и Енка“: За „Електра солушнс“ декларирале 32 „перманентно вработени“, а фирмата во 2022 г., според Централниот регистар, била во просек со двајца вработени;
– Десетици инженери од конзорциумот на „ИРД инженеринг“ се ангажирани на други тековни надзори и за нив е потпишана гаранција дека ќе бидат на целосно располагање на тие проекти, ослободени од сите други обврски; Како целосно ветени на едно, ќе бидат надзор и на друго место;
– Ќе може ли МВР навреме да ги замени сите документи согласно Договорот од Преспа и зошто баш сега ги поскапеа личните карти, пасошите и возачките дозволи;
– Кога Македонија е Запад за некого: Приказна за стотината студенти од Пакистан и Таџикистан на УЈИЕ во Тетово;
– Нов „Саботажа“.