Погледнете го магазинското издание на емисијата „360 степени“, прво во новата (деветта) сезона, емитувано на 12 септември 2022 г. на ТВ Алсат
Во оваа емисија:
– Запознајте го омиленото место за затворски туризам – затворот во Струга во кој казна издржуваат (или треба да издржуваат) неколку ВИП-личности;
– Станови под хипотека, хотел во градба проценет како да е готов: Што конфискува државата од Сашо Мијалков? За „360 степени“’ зборува обвинителката во предметот „Империја“ Лиле Стефанова;
– Го прашавме амбасадорот на ЕУ, Дејвид Гир, за иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за референдум против договорот со Бугарија и за уставните измени;
– Сторија за македонскиот Воен оркестар по пофалбите од германскиот весник „Шпигел“ за изведбата на химната на Германија за време на посетата на канцеларот Шолц во јуни;
– прва „Саботажа“ во новата сезона.