Погледнете го новото магазинско издание на емисијата „360 степени“ емитувано на 21 септември 2023 г. на МРТ 1
Во ова издание:
– По интервјуто со лидерот на ДУИ одиме чекор понатаму и откриваме: Како партнерот на зетот на Ахмети стекнал 65 отсто од фирмата со бизнис од 112 милиони евра со државните Електрани; До уделот дошол за 24 илјади евра;
– Двете огромни дивоградби на државно земјиште на „Пластичарка“ во Скопје не само што не се урнати, туку и добија струја на диво; Нова серија сплетки меѓу надлежните институции;
– Која е причината што македонските и италијанските фудбалски репрезентативци наместо на трева, играа по кал;
– Во рубриката „Микрофонот е ваш“ пред Клиниката за онкологија – зборува пациентка што го пријавила аптекарот за злоупотреби со терапијата за тешко болните;
– Кратко интервју со Оливие Бешт, втор човек во француското МНР – дали Емануел Макрон кога зборува за Европа во повеќе брзини мисли на членки на ЕУ од втор ред;
– Нова „Саботажа“.