Погледнете го новото издание на емисијата „360 степени”, емитувано на 4 мај 2026 г. на МРТ 1, во кое гостува членката на Судскиот совет, Сузана Јошевска-Анастасовска
Каде се носат одлуките, во Судскиот совет или надвор од него? На ова прашање, членката на Судскиот совет (СС), Сузана Јошевска-Анастасовска, во новото издание на емисијата „360 степени“ на МРТ 1, одговори: „Овде повеќе прашањето е зошто Судскиот совет дозволил и низ годините наназад и сега да не се поправи таа слика дека одлуките не се носат таму“. Таа на позицијата е помалку од четири месеци, а во серија ситуации веќе привлече јавно внимание. Разговараме за тоа како токму таа стана избор на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова за членка на СС, дали постапката за утврдување на Мери Дика за кандидатка за уставна судијка отвора простор за управен спор, зошто не се реализираат одобрените двесте нови вработувања за судството, како ќе се решава проблемот со недостигот на судии, зошто се одолговлекуваат постапките за избор на претседатели на Основниот кривичен суд Скопје и на Управниот суд.
