Погледнете го новото магазинско издание на емисијата „360 степени“ емитувано на 25 јануари 2024 г. на МРТ 1
Во ова издание на емисијата објавуваме:
– Извештај на Оценската мисија на ЕУ за Судскиот совет: Како ќе ги бранат судиите, кога и самите не можат да се заштитат – објавуваме детали од документот;
– По примерот со дивоградбите на Пластичарска: Обид на Општина Ѓорче Петров да урне дивоградба осуетен од Државниот инспекторат за градежништво, на чие чело е Фатмир Арифи, кадар на ДУИ;
– Старо-нова иницијатива за изградба на холивудски студија во Македонија – првичните потенцијални инвеститори се поделиле;
– Сторија за Пламен Тотев, издавач од Бугарија, кој превел и испечатил седумдестина дела од четириесетина македонски писатели;
– Разговор со израелската амбасадорка во земјава Симона Френкел за војната меѓу Израел и Хамас, убивањето цивили и македонско-израелските односи;
– Нова „Саботажа“.