Погледнете го новото дебатно издание на емисијата „360 степени“ емитувано на 30 септември 2022 г. на ТВ Алсат
Прашањата поврзани со енергетската криза – дали струјата за домаќинставата ќе поскапи од Нова година, како што неколкупати изјавуваше директорот на Електрани на Северна Македонија, Васко Ковачевски, колку транспарентно и отчетно се набавуваат јаглен и мазут за РЕК Битола и ТЕЦ Неготино, ќе успеат ли преговорите со Србија, Бугарија и Турција, што конкретно е на маса на тие преговори, зошто се уште не се функционални долгонајавуваните мерки за субвенционирање и олеснување на процедурите за поставување фотоволтаици – доминираат во интервјуто со министерот за економија, Крешник Бектеши, во емисијата „360 степени“ што се емитува на ТВ Алсат. Со Бектеши разговараме и за зголемувањето на цените на прехранбените производи и начините на кои Владата (може да) се бори против нечесните и измамничките трговски практики. Тема се и поделбите во ДУИ.