Погледнете го новото магазинско издание на емисијата „360 степени“ емитувано на 20 јуни 2024 г. на МРТ 1
Теми за ова издание на емисијата:
– Амбасадорката на САД, Анџела Агелер, ја поздравува и аплаудира на најавата на Христијан Мицкоски дека в недела како премиер ќе се заколне со уставното име: Воодушевена сум – вели Агелер во интервју за „360 степени“;
– Прва анализа на програмата за работа на Владата што мандатарот ја достави до Собранието – кои од изборните ветувањата завршија во програмата, а кои останаа пароли за по митинзи;
– Трите министерки во новата влада значат дека жените ќе бидат застапени со 12,5 отсто – зошто „Вреди“ и ЗНАМ не номинираа жени и зошто жените тешко стигнуваат до највисоките извршни функции во државава;
– „Саботажа“.