Според последните податоци, во Србија се забележани 137 нови случаи на зараза од коронавирус.
Најлоша е ситуацијата во Нови Пазар каде што од вчера е прогласена вонредна состојба. Воведена забрана за собирање на јавни места на повеќе од пет лица, забранети се домашните веселби, а угостителските објекти ќе работат до 19 часот. Само овој месец во овој град се регистрирани речиси 259 заболени.
Инаку, во Белград расте незадоволството на граѓаните од долгите редици и комплицираната процедура за тестирање, а многумина се жалат и дека долго чекаат резултатите, според сведочењата, дури и по една недела од кога им бил земен брис.