Според информациите, знамето што е симнато било поставено пред општинската зграда

Видео на кое се гледа како едно лице го симнува и го фрла македонското знаме се споделува на социјалните мрежи.
Од она што може да се виде е дека едно лице го симнува македонското знаме, а потоа со уште едно друго лице го туткаат и го фрлаат на земја.
Според информациите, знамето што е симнато било поставено пред општинската зграда во Гостивар. Настанот, како што вечерва пренесе Канал 5 телевизија, е пријавен во полиција.
Оттаму рекле дека полициска екипа извршила увид на местото на настанот и оти се преземаат мерки за негово расчистување.
Засега нема дополнителни информации за тоа кој го отстранил знамето и под кои околности се случил настанот.
