Авиокомпанијата VoePass во соопштение потврди дека авионот што се упатил кон меѓународниот аеродром „Гуаруљос“ во Сао Паоло се урнал со 58 патници и 4 членови на екипажот. Во соопштението не се наведува што ја предизвикало несреќата, пренесува АП
Шеесет и две лица загинаа во авионска несреќа во Бразил, изјави претседателот на земјата Луис Инасио Лула да Силва, пренесува Си-ен-ен.
„Прво имам многу лоша вест и би сакал сите да станат со минута молк бидејќи авион штотуку падна во градот Винхедо, Сао Паоло, со 58 патници и 4 членови на екипажот и изгледа дека сите загинаа. Сакам да замолам за минута молчење за жртвите“,
рече претседателот Луис Инасио Лула да Силва.
Uma notícia muito triste. Toda minha solidariedade aos familiares e amigos das vítimas. pic.twitter.com/eb47itDbe8
— Lula (@LulaOficial) August 9, 2024
Според Си-ен-ен, авионот удрил во неколку куќи.
Во авионот имало 58 патници и четворица членови на екипажот, пишува Би-би-си. Локалните медиуми додаваат дека авиокомпанијата соопштила дека не може да го потврди статусот на патниците во авионот, ниту како се случила несреќата.
Авиокомпанијата VoePass во соопштение потврди дека авионот што се упатил кон меѓународниот аеродром „Гуаруљос“ во Сао Паоло се урнал со 58 патници и 4 членови на екипажот. Во соопштението не се наведува што ја предизвикало несреќата, пренесува АП.