Граѓанскиот активист Предраг Вушуровиќ изјави дека 35 000 луѓе ја потпишале петицијата за повлекување на Законот за претседател
Нов антивладин протест се одржа во Подгорица под слоганот „Има нас“, со кој организаторите најавија дека бараат повлекување на измените на Законот за претседател, деблокирање на Уставниот суд и итни вонредни парламентарни избори.
Неколку илјади луѓе се собраа на платото пред Собранието на Црна Гора носејќи транспаренти „Тука сме, за Црна Гора, за ЕУ“ и „Нема да ви ја дадеме Црна Гора“, пренесуваат црногорските медиуми.
Da je vječna Crna Gora! pic.twitter.com/Ch2AYT03OI
— Predrag Bošković (@pedjabosskovic) November 28, 2022
Граѓанскиот активист Предраг Вушуровиќ изјави дека 35 000 луѓе ја потпишале петицијата за повлекување на Законот за претседател.
Пратеничката на Социјалдемократската партија Драгиња Вуксановиќ Станковиќ изјави дека во Црна Гора „нема да има ниту Отворен Балкан, ниту српски свет“.
„Црна Гора нема да биде командувана од Белград, туку од Црна Гора. Рацете подалеку од Црна Гора“,
изјави Вуксановиќ Станковиќ.
На крајот од средбата насобраните тргнаа пеш од зградата на Собранието до споменикот на Свети Петар Цетиње.