Седум деца и еден возрасен останаа заробени во жичарница која виси на речиси 400 метри над планинскиот регион на северозападот од земјата. Шесте деца во жичарницата се на возраст од десет до 16 години. 16-годишниот тинејџер е срцев пациент и бил во несвест последните два часа
Седум ученици и наставник се превезувале со жичарница во Пакистан, кога се скршила сајла и жичарницата останала да виси над долината на околу 274 метри од земјата. Спасувањето е во тек.
ВО ЖИВО ОД МЕСТОТО НА НАСТАНОТ:
Пакистанската армија спасила четири деца од осумте патници кои останале заробени во жичарница која речиси цел ден виси над висока провалија.
„Четири деца беа спасени, едно по едно“,
изјави претставник на областа Шах Фахад.
Портпаролот на агенцијата за спасување и официјален претставник на областа претходно изјавија за Ројтерс дека две деца се извлечени.
На видеата кои се достапни се гледа како со хеликоптер е подигнато дете од жичарницата и спуштено на земја.
Pakistan’s military launched a high-stakes operation to rescue eight people — including six children — stuck in a cable car hanging at least 900 feet in the air after a cable snapped above a remote mountainous area in the north of the country. https://t.co/yK7LSBzNlw pic.twitter.com/cr5ohRXBet
— The Washington Post (@washingtonpost) August 22, 2023
Спасувачката мисија е комплицирана од налетите на ветерот во областа и фактот дека перките на хеликоптерот може дополнително да ја дестабилизираат жичарницата.
За потсетување, седум деца и еден возрасен останаа заробени во жичарница која виси на речиси 400 метри над планинскиот регион на северозападот од земјата. Шесте деца во жичарницата се на возраст од десет до 16 години. 16-годишниот тинејџер е срцев пациент и бил во несвест последните два часа.
Спасувачката акција трае од утрово, но големата надморска височина, силниот ветер и кривината на жичарницата го отежнуваат спасувањето.
„Хеликоптерот треба да лебди на вистинската висина над жичарницата додека војникот се спушта до патникот. Одењето во погрешна насока при силни ветрови може сериозно да влијае на напорите за спасување. Војникот треба да стигне до патниците од агол каде што жичарницата не е превртена“,
објасни пензионираниот армиски бригаден Типу Султан.