Повеќе од 400 луѓе се наоѓале на мостот на реката Мачху во градот Морби во моментот на уривањето, соопшти локалниот ТВ-канал Зи њуз. Мостот попуштил бидејќи не можел да се справи со бројот на луѓе на него
Најмалку 30 луѓе загинаа, а десетици се тешко повредени откако висечки мост во западната индиска држава Гуџарат се урна во неделата, соопштија двајца владини претставници, пренесе Еуроњуз.
„Можеме да потврдиме дека 30 луѓе ги загубија животите, многумина се спасени од реката, а некои се уште се водат како исчезнати“,
рече Амит Џала, висок администратор во државната болница каде што беа пренесени жртвите.
Suspension Bridge in BJP’s Gujarat collapsed. More than 400 people fell into water and got injured!
— YSR (@ysathishreddy) October 30, 2022
To be noted that, this bridge was renovated & opened just 5 days ago.
This is Gujarat’s development 👇 pic.twitter.com/8IQi9LHwZR
Повеќе од 400 луѓе се наоѓале на мостот на реката Мачху во градот Морби во моментот на уривањето, соопшти локалниот ТВ-канал Зи њуз. Мостот попуштил бидејќи не можел да се справи со бројот на луѓе на него.
На снимката што ја емитуваше ТВ каналот се гледаат десетици луѓе како се држат за каблите на урнатиот мост додека екипите за итни случаи се мачат да ги спасат.
Мостот долг 230 метри бил изграден за време на британското владеење во 19 век. Тој бил затворен за реновирање шест месеци пред повторно да биде отворен за употреба минатата недела.
Индискиот премиер Нарендра Моди, кој е во тридневна посета на неговата родна држава Гуџарат, рече дека му наредил на државниот главен министер итно да мобилизира тимови за спасувачката операција.
Реагираше и министерот за одбрана Рајнат Синг кој упати сочувство до семејствата на загинатите.
„Крајно сум потресен од оваа трагедија. Акцијата за спасување е во тек. Се молам за безбедност на сите граѓани, а на повредените им посакувам брзо закрепнување“,
рече министерот за одбрана.
Засега не се познати причините за несреќата.