Според портпаролот на „Медстар“, службата која обезбедува итни медицински услуги и управува со амбулантните возила во областа, едно од повредените лица е во критична состојба, четири се во тешка состојба, а други се со полесни повреди, пренесува Си-ен-ен
Најмалку 21 лице е повредено во експлозија во хотел во САД, пренесува Си-ен-ен.
Експлозијата се случила во хотелот „Сендман сигначр“ (Sandman Signature) во центарот на Форт Ворт во американската сојузна држава Тексас.
JUST IN: Mass casualty event declared in Forth Worth, Texas at The Sandman Signature Hotel after MASSIVE explosion.
— Our Country Our Choice (@OCOCReport) January 8, 2024
POLICE: “We are currently working a Major Incident. Please avoid the downtown area…”pic.twitter.com/t0gr1eka8D
Според портпаролот на „Медстар“, службата која обезбедува итни медицински услуги и управува со амбулантните возила во областа, едно од повредените лица е во критична состојба, четири се во тешка состојба, а други се со полесни повреди, пренесува Си-ен-ен.
#Breaking #FortWorth #Texas
— The Breaking Report (@TheBreakingRprt) January 8, 2024
?Explosion at the Sandman Signature Hotel in ForthWorth Texas.?
Multiple injuries reported.
Video of the scene
pic.twitter.com/lnRDp37Ml2
Портпарол на противпожарната служба во Форт Ворт, Крег Тројачек, вели дека причината за инцидентот била „некаква експлозија на гас“, но оти сè уште работат на проверка на причината. Тој додава дека инспекторите работат на утврдување што го предизвикало инцидентот во хотелот – кој е во близина и на градското собрание и на градскиот конгресен центар.
Во видео објавено на социјалната мрежа Икс има апел од полицијата до жителите на градот да го избегнуваат централното градско подрачје.
We are currently working a Major Incident. Please avoid the downtown area.
— Fort Worth Police (@fortworthpd) January 8, 2024
PIOs are on scene.
We will share more details as soon as we can confirm more information. pic.twitter.com/oI7DxKO7eR
Тројачек додава дека противпожарните екипи работат на проверка на сите 26 соби во хотелот во кој имало гости.
Гувернерот на Тексас, Грег Абот, во изјава вели дека државните службеници се во контакт со властите во Форт Ворт и се подготвени да испратат дополнителна помош доколку е потребно.
„Државата Тексас е во близок контакт со градоначалникот и полицијата во Форт Ворт за да помогнат во напорите за одговор при итни случаи по трагичната експлозија во хотелот“,
рече гувернерот Абот, пренесува Си-ен-ен.