Видео во кое се гледа како двајца мажи му помагаат на мало дете да пука со пиштол се појави на популарната мобилна апликација „Тик-Ток“.
На видеото стои датум 01.01.2021 година и време- 13 секунди по полноќ. Објавено е од корисник Агрон Џафери, за кој се претпоставува дека е од Тетово.
Луѓево се од Тетово.
— Две Ѕвезди (@dvezvezdi1) January 2, 2021
Ја би им одзел старателство одма.
ТОЛКУ.??️? pic.twitter.com/Fly9YnA7FY
Во видеото се гледа како детето двапати пука од пиштолот кој го држи со помош на едното машко лице, додека другото лице снима со мобилен телефон.
Видеото набрзо е симнато од „Тик-Ток“, но веќе беше раширено низ социјалните мрежи.
Од СВР Тетово за САКАМДАКАЖАМ.мк велат дека ваков случај сѐ уште не е пријавен кај нив, а ако добијат пријава надлежните служби ќе преземат соодветни активности за откривање на лицата.
