На гувернерот на Њујорк, Ендрју Куомо, му земаа брис за тест за ковид-19 во пренос кој се емитуваше на телевизија.
Тој тоа го направи додека имаше брифинг со новинарските екипи.
Како што рече, на ваков начин сака да демонстрира колку е брзо и лесно земањето брис од страна на лекарите.
Земањето брис тој гo пренесуваше и на неговиот официјален профил на Фејсбук.