Министерството за внатрешни работи соопшти дека лишило од слобода уште две лица за учество во насилните протести против францускиот предлог на 5 јули. Станува збор за двајца жители на Скопје, Д.Ј. (32) и С.Ј. (18). Против нив е поднесена кривична пријава по брза постапка за сторено кривично дело „учество во толпа што ќе изврши кривично дело“.
„Тие се сомничат дека на 05.07.2022 околу 21:00 часот, за време на одржување на ненајавен јавен сoбир организиран преку социјални мрежи, започнале да фрлаат со камења и разни други предмети спрема полициските службеници и зградата на Собранието. Против нив се обезбедени сите докази, по што се изнесени пред Судија на претходна постапка“,
сооштија од МВР.
Од полицијата велат и дека СВР Скопје продолжува со преземање мерки и активности за идентификување на сторители на кривични дела за време на протестите и обезбедување на докази против нив, по што заедно со кривичните пријави против нив, ќе бидат приведени и изнесени пред надлежен Јавен обвинител и пред Судија на претходна постапка.