Британската кралска морнарица, за време на вежбите на море, го тестираше овој пронајдок со поширока примена
Млазното одело на британската компанија „Гравити индастрис“ го тестираше и британската кралска морнарица за време на поморските воени вежби.
Иако ова не е прво тестирање, од компанијата велат дека тоа се доживува како револуција во тактичките способности на специјалните сили и истакнуваат дека оделото има многу поширока примена.
Оделото познато како џет – пек го направи компанијата сопственост на резервист на кралската морнарица и пронаоѓач Ричард Браунингс. Млазното одело претходно го тестирале болничари во областа Лејк Дистрикт во Англија за да симулираат пристигнување до место на несреќа.