Во неговиот говор, кој иако беше посветен на 23. Октомври, тој упати пораки, на 31 октовмри, во вториот круг да се гласа за кандидатот за градоначалник на Охрид од ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Пецаков
Ова не е моја борба, тука наша борба за заедничката иднина. И ви велам креваме глава кога тие сакаат да бидеме на колена. Одлучивме да се бориме, затоа што имаме еден значаен мотив повеќе, а тоа новата иднина, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешното обраќање во Охрид, по повод 23. Октомври – Денот на Македонската револуционерна борба.

„Новата иднина е долгот на нашите претци, но и обврска за новите поколенија. Новата иднина е нашиот сон овие 30 години за Македонија каква сакаме да ја имаме. Новата иднина е надежта заокружена од секој еден од вас на референдумот таа 91-ва, тој 8. Септември. Новата иднина е исправање на неправдите, ослободување на стегите на ова наше општество. Победа над стравовите, победа над делбите на наши и ваши, леви и десни. Новата иднина е да работиме, да се креваме тогаш и кога паѓаме. Да постигнуваме резултати, да градиме, да создаваме. Да го заштитиме нашето, да се бориме за она во што веруваме. Оваа држава има кичма да се исправи, и има ум да оди напред. Новата иднина е прагот од кој ќе почне да се остварува сонот за Македонија“,
рече тој.

Во дел од говорот, Мицкоски се осврна и на спорот со Бугарија и ја обвини Владата за пазарење, ветувајќи дека има решение.
„Потребно е да се издигнеме над облаците на измамите и пазарењата кои ни ги носи Владата со нашите соседи. И во тој контекст немаме право да се лутиме против Бугарија, бидејќи природно е тие да ги штитат своите интереси, она што навистина боли е што нашата Македонија ја водат луѓе кои се подготвени да прифатат се, да се пазарат со се. Не е во прашање на недостиг на разбирање од двете страни, туку недостиг на мудрост од македонската Влада“,
истакна Мицкоски, додавајќи дека нивниот пристап ќе биде искрен однос на почит и пријателство и секогаш пријателски пружена рака кон соседите, но со целосно право да ги заштитиме интересите важни за Македонија.

Ја обвини Владата за притисоции врз членови на историската комисија, кои како што рече, водат кон кавга и лоши односи, а ветувањата на премиерот кон Софија не се води од потребата за заштита на државните интереси, туку од потребата да си ја обезбеди фотелјата ден повеќе, рече тој.
„Во тој контекст ќе го потсетам на резолуцијата на ВМРО која ова лето и тој ја прифати во македонското собрание. Таквите црвени линии го обврзуваат и неговото однесување кон овој спор кој пред 5 години воопшто не постоеше. Треба да знае дека од наша страна како ВМРО-ДПМНЕ секогаш ќе најде поткрепа на тоа што преставуваат наши позиции за заштита на државните и национални интереси, но исто така е поважно да се заменат измамите со единство на кое повикувам, при што воедно треба да се приклучи и претседателот на државата кој не е доволно да стои настрана и да се исклучува од овие проблеми. Ние како ВМРО-ДПМНЕ ќе имаме искрен однос на почит и пријателство и секогаш пријателски пружена рака кон соседите, но со целосно право да ги заштитиме интересите важни за Македонија. Тоа го кажувам јасно и отворено, наместо притисоци зад камерите а насмеани при изјавите пред камерите како што тоа го прави Заев, јас кажувам отворен став за соработка и почитување, но и одбрана на она во што веруваме, а тоа е реципроцитет, како тие нам, така ние ним“,
истакна Мицкоски во Охрид.
Мицкоски порача дека односите со соседите ќе се базираат на меѓусебна почит и толеранција, а не како што тоа го прави Зоран Заев кој се служи со измами и трикови ветувајќи им се и сешто.

Во неговиот говор, кој иако беше посветен на 23. Октомври, тој упати пораки, на 31 октовмри, во вториот круг да се гласа за кандидатот за градоначалник на Охрид од ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Пецаков.
„Ако пропадне вашиот глас и останете дома, тие ќе успеат и ќе мислат дека ве надмудриле, ќе мислат дека добро правеле досега и ќе се охрабрат во се она што го прават, а сите нас не тишти и го сметаме за лошо и погрешно. Да покажеме дека самите сме господари над сопствените судбини и дека никој ја нема нашата волја во џеб за да си поигрува со нејзе“,
порача вечерва Мицкоски од Охрид.