Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во интервју за „360 Степени“, ја коментираше вонредната состојба која по втор пат беше прогласена од страна на претседателот Пендаровски.
„Во првиот случај ги разбирав оние 30 дена. Владата имаше доволно време да направи антикризни мерки, економски, вакви, такви, онакви мерки и сето тоа ми беше од одреден аспект јасно. Но, мене не ми се јасни вториве 30 дена, не ми се јасни, ако има следни денови, затоа што мислам дека 30 дена се сосема доволно“,
вели Мицкоски.
Мицкоски вели дека пред завршувањето на првите 30 дена било договорено да има лидерска средба и да се слушне потребата од следни 30 дена. Тој оценува дека дел од уредбите не биле воопшто потребни, како таа која се однесуваше на СЈО.
„Апелирам до претседателот Пендаровски и до останатите политичари, веднаш по завршувањето на првомајските празници за кога владата најави дополнително релаксирање на состојбата, да имаме лидерска средба и да разговараме за состојбата во којашто се наоѓа државата,
вели Мицкоски.