Беа црвени во комунизмот, одговорија тројца повозрасни соговорници на „360 степени“ на прашањето – дали треба службените државни возила да бидат означени со различни регистарски таблички од цивилните. И функционираше, додаде еден од нив
Речиси сите граѓани велат, би пријавиле злоупотреба ако видат државно возило каде не му е местото
Во рубриката „Микрофонот е ваш“ даваме повеќе простор на граѓаните да го искажат своето мислење за теми кои се од поширок јавен интерес. Во ова издание зборувавме за идејата која ја зачна претходниот состав на Државната комисија за спречување на корупцијата, а вети дека ќе ја спроведе актуелниот директор на Службата за општи и заеднички работи – сите државни возила да добијат регистарски таблички во боја и да се отвори линија за пријавување злоупотреби.