Неколку големи синдикати го критикуваа предлогот на лидерот на СДСМ – сите вработени во јавниот сектор, со исклучок на лекарите, полицaјците и војниците, за април и мај да земат минимална плата од 14.500 денари.
Решивме да побараме мислење и од граѓаните, во нашата рубрика „Микрофонот е ваш“.
Сите се согласуваат дека освен на здравјето на луѓето мора да се мисли и на економијата, но ставовите се поделени – дали заради солидарност, треба да се брцне во џебот на буџетарите за да се даде на други места кои се погодени со кризата.