Напаѓачот е уапсен. Тој е во притвор и е повреден,потврди началникот на полицијата во Колорадо Спрингс
Најмалку пет лица загинаа, а 18 други се повредени откако вооружен маж отворил оган во геј клуб во Колорадо Спрингс.
Очевидци велат дека во инцидентот биле погодени неколку лица и дека има неколку загинати.
Клубот Кју, каде што се случи инцидентот, се рекламира како „ноќен клуб ориентиран кон хомосексуалци и возрасни. Во него се одржуваат тематски вечери со караоке и диџеи.
„Напаѓачот е уапсен. Тој е во притвор и е повреден“,
потврди началникот на полицијата во Колорадо Спрингс, Памела Кастро.
Мотивот за нападот се уште не е познат.
Нападот го објавија и на Фејсбук страницата на клубот.
„Ние сме тажни поради овој напад врз нашата заедница. Нашите молитви и мисли се со сите жртви и нивните семејства и пријатели. Благодарни сме за брзите реакции на нашите посетители кои го покорија напаѓачот и ставија крај на овој напад со омраза“,
напишаа тие.