Роналдо, кој е петкратен добитник на „Златната топка“, минатата година се врати во Манчестер Јунајтед. По разочарувачката сезона летово сакаше да го смени клубот, но на крајот остана во Манчестер, а потоа се скара со тренерот и го критикуваше клубот во интервју
Мадридска „Марка“ објави дека Кристијано Роналдо е блиску до договор со саудиски Ал Наср. Португалецот, кој среде сезона беше исфрлен од Манчестер јунајтед по низа скандали, во Саудиска Арабија би заработувал по 200 милиони евра по сезона. Саудијците му подготвија договор на две и пол години.
„Роналдо нема избор. Ниту еден европски тим не може финансиски да се доближи до понудата на Ал Наср, а не можат ниту клубовите од МЛС“,
пишува „Марка“, весник близок до агентот на Роналдо, Жорге Мендеш.
„Марка“ наведува и дека Мендеш и Роналдо веќе се согласиле на оваа понуда.
Ал Наср, клуб од Ријад, го предводи поранешниот тренер на Рома, Руди Гарсија, а најголеми ѕвезди на тимот се голманот Оспина и поранешниот играч на Виљареал, Алваро Гонзалес. Ал Наср, заедно со Ал Хилал, неговиот градски ривал, е најтрофејниот саудиски клуб.
Роналдо, кој е петкратен добитник на „Златната топка“, минатата година се врати во Манчестер јунајтед. По разочарувачката сезона летово, сакаше да го смени клубот, но на крајот остана во Манчестер, а потоа се скара со тренерот и го критикуваше клубот во интервју. Претходно играше и за Спортинг, Реал и Јувентус.