Полицијата не им дозволи на демонстрантите кои протестираат за случајот „Монструм“ да продолжат со маршот кон Основниот суд во Скопје и кон Собранието и ги стопира на булеварот пред трговскиот центар „Мавровка“.
Бројот на демонстранти е далеку помал од претходниот протест.
Во знак на револт, демонстрантите фрлаа предмети и шишиња кон припадниците на МВР, кои во огромен број се присутни на мршрутата по која ќе се движат демонстрантите. Тие бараат да им биде дозволено да продолжат со маршот.
Протестите ги најавија роднините на првостепено осудените кои се жалат дека тие се невини и осудени без докази.
Демонстрантите маршираат со мотото „Правда и слобода“.