Францускиот претседател го поздрави изборот на Урсула фон дер Лејен за идна претседателка Европската комисија. По завршување на маратонскиот самит на шефовите на држави и влади на ЕУ, Емануел Макрон се пофали дека тој лично се „борел“ за фон дер Лејен да биде кандидирана за наследничка на Жан Клод Јункер. Смета дека станува збор за искусна и способна политичарка.

„Во однос на г-ѓа фон дер Лејен, верувам дека е одлична кандидатка за шеф на новата Европка комисија и јас лично се борев за неа. Како што знаете ова не беше првичниот германски избор зашто се туркаше главниот партиски кандидат, г-динот Вебер, и затоа имаше толку многу дискусии во Германија. Но, верувам дека фон дер Лејен е многу добра кандидатка. Прво, зашто ја поседува потребната компетентност, стручност и искуство – беше министерка за одбрана, а претходно беше задолжена за социјалната сфера и во изминатите години сведочев на нејзината решителност и храборст за тешки прашања“ ,
изјави францускиот претседател Макрон по тридневните преговори кои финишираа со договор за идните шефови на ЕУ.