Милјана Рељиќ со победа над двократната олимписка шампионка влезе во четврт-финалето
Хајлајтс од првата борба на Рељиќ. pic.twitter.com/V7k4ItQe4N
— Руи (@riste_g) August 8, 2024
Голема победа за македонската теквондистка Милјана Рељиќ над двократната олимписка шампионка Џејд Џонс.
Конечниот резултат од денешната борба е 7:6 за Рељиќ, со што таа се пласира во четврт-финалето, категорија до 57 килограми.
Во следната фаза Рељиќ ќе треба да се соочи со Летиција Аун од Либан. Терминот за борбата во четврт-финалето на македонската репрезентативка со теквондистката од Либан е 15:45 часот.
Претходно, македонскиот борач Владимир Егоров експресно го заврши настапот на Олимпијадата во Париз. Тој загуби убедливи од Амар Шерават (Индија) со 0:10, категорија минус 57 кг слободен стил.