Посочи дека добива извештаи за уништување документи во министерствата и владините агенции, како и во компаниите што „пораснале“ за време на 16-годишното владеење на поранешниот премиер
Петер Маѓар, лидерот на партијата Тиса, која однесе убедлива победа на парламентарни избори во Унгарија одржани во неделата, денеска во видеообраќање на социјалната мрежа Фејсбук обвини дека се уништуваат документи од владата во заминување на Виктор Орбан и ги повика граѓаните да пријавуваат вакви случаи.

Маѓар соопшти дека е воспоставена онлајн платформа преку која ќе можат да доставуваат информации за евентуални неправилности.
Посочи дека добива извештаи за уништување документи во министерствата и владините агенции, како и во компаниите што „пораснале“ за време на 16-годишното владеење на поранешниот премиер Орбан.
„Сè повеќе добиваме најави од министерства, институции и компании за уништување големи документи. Ајде, заедно да ја сопреме бегалската мафија!“,
рече тој во видеообраќањето.
Посочи дека секој што учествува во вакви криминални активности ќе биде повикан на одговорност кога ќе се формира новата влада.
Според најавите, Маѓар треба да положи заклетва како премиер на 9 или 10 мај, кога ќе се конституира и новиот парламентарен состав.
Воедно, тој најави и засилена борба против корупцијата, со цел деблокирање милијарди евра од европските фондови, кои беа замрзнати во периодот на претходната влада.
Инаку, Маѓар пред два дена побара од унгарскиот претседател Тамаш Шујок да поднесе оставка веднаш по формирањето на новата влада.
Според него, Шујок треба да се повлече од функцијата за да се испочитува волјата на граѓаните.
