Пожарот кај штипско Пиперово е локализиран, соопшти МВР, од каде велат дека полицискиот хеликоптер исфрлил над 20 тони вода при гаснење на пожарот.
„Одделот за воздухопловни единици на МВР по добиено барање од ЦУК за гасење на пожар кај селото Пиперево, го упати упати хеликоптерот Бел-212 и во координирано постапување со пожарникарите од Територијалната противпожарна единица, пожарот е локализиран“
се наведува во соопштение од МВР.
Претходно од Центарот за управување со кризи информираа дека еден полициски хеликоптер и еден „ертрактор” на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) помагаат во гаснење на пожарите во Штипско и Зелениково, откако била побарана воздушна поддршка. Како што соопштија од Центарот за управување со кризи (ЦУК), станува збор за шумски пожари, едниот во атарот на штипското село Пиперово, а другиот пожар во селото Гумалево, Општина Зелениково.