Со минимално водство од 22 гласа независниот кандидат за градоначалник Максим Димитриевски во Куманово славеше победа по првиот изборен круг од локалните избори. Веднаш зад него е кандидатот на СДСМ, Оливер Илиевски, а кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Михајловски, заврши трет со освоени над 8 илјади гласа.
„360 степени“ на терен ја следеше изборната ноќ во Куманово, а двајцата кандидати кои продолжуваат во вториот изборен круг, Димитриевски и Илиевски, ги повикаа граѓаните да ги поддржат.