Се радуваме заедно, додава премиерот, на историската вест со која МПЦ се стекнува со автокефалност
Премиерот Димитар Ковачевски во видеообраќање од Рим честиташе за одлуката на Српската православна црква (СПЦ) да ја признае автокефалноста на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА).
Тоа, оцени тој, добивањето автокефалност е признание за наследството на Охридската архиепископија како и за тоа дека таа е автентичен дел од македонскиот идентитет.
„Голем е денешниот ден, историски, кога ги чествуваме Светите браќа Кирил и Методиј, да ја добиеме и автокефалноста на нашата црква како рамноправна со другите и како признание за нејзиното наследство во духовната величина на древната Охридска Архиепископија, и како автентичен дел на македонскиот идентитет“,
вели Ковачевски во честитката.
Се радуваме заедно, додава премиерот, на историската вест со која МПЦ се стекнува со автокефалност.
Одлуката на СПЦ денеска ја објави српскиот патријарх Порфириј на заедничка литургија во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје.
Поврзани вести:
- Патријархот Порфириј објави: Соборот на СПЦ прифаќа и признава автокефалност на МПЦ-ОА
- Архиепископот Стефан: 55 години чекавме во тремот некој да се погрижи за нас – денес дојде нашиот собрат и сослужител неговата светост Порфириј
- ФОТОГАЛЕРИЈА: Како помина заедничката литургија во Скопје на која СПЦ објави признавање на автокефалноста на МПЦ-ОА
- Пендаровски: Одлуката на СПЦ ќе придонесе за исправање на историските неправди и нов духовен раст на ОА
- Заев: Договорот од Преспа, членството од НАТО и Отворен Балкан се причини зошто од денес немаме проблем ниту со МПЦ-ОА
- Мицкоски: Голем ден за МПЦ-ОА, сведоци сме на историја важна за нашиот народ и Македонија