Со томосот за автокефалност што го упати СПЦ за МПЦ-ОА, вели поранешниот премиер веќе нема пречки и очекуваме патријархот Вартоломеј да ја прогласи МПЦ-ОА и официјално за автокефална
Откако Српската православна црква објави дека ја признава автокефалноста на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, се огласи поранешниот премиер Зоран Заев, наведувајќи дека Договорот од Преспа, членството во НАТО, иницијативата Отворен Балкан и политиките на добрососедство се меѓу причините зошто од денеска немаме проблеми ниту со прашањето на црквата.
„Македонскиот народ и сите граѓани на Северна Македонија, сите заедно одлучивме да живееме во мир, единство, слога и напредок. Одлучивме да решаваме проблеми и да создаваме иднина. Договорот од Преспа, членството во НАТО, Отворен Балкан и политиките на добрососедство се причината зошто од денес македонскиот народ нема проблем ниту со името на својата македонска земја, ниту со својата Македонска православна црква – Охридска архиепископија, ниту со својата безбедност и сигурност. Живееме и ќе живееме во слога со нашите балкански браќа и сестри, целосно ја заокружуваме нашата духовна и државна независност“,
вели Заев.
Со благословот и томосот за автокефалност на МПЦ-ОА што СПЦ го упати до Вселенската патријаршија, нагласува поранешниот премиер, веќе не постои ниту една пречка.
Очекуваме патријархот Вартоломеј да ја прогласи МПЦ-ОА и официјално за автокефална. Нека е за многу години овој голем ден, историски за православието и за македонската државност“, додава Заев.
Српскиот патријарх Порфириј радосната вест ја објави по заедничката литургија со архиепископот Стефан во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“.