Шефот на државата очекува дека за скоро време ќе следи и потпишување на томосот за автокефалност од страна на вселенскиот патријарх Вартоломеј
Одлуката на Српската православна црква (СПЦ) за признавање автокефалност на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА), според претседателот Стево Пендаровски, ќе придонесе за исправање на историските неправди и за нов духовен раст на Охридската архиепископија.
Пендаровски упати честитка до МПЦ-ОА и до верниците и изрази уверување дека целиот процес ќе заврши со скоро потпишување на томос за автокефалност од вселенскиот патријарх Вартоломеј.
„Ова е радосна вест за сите граѓани на земјава од православна вероисповед, која следи по одлуката на Вселенската Патријаршија за прием на нашата Црква во канонско единство и во евхаристиско општење. Одлуката на Српската православна црква ќе придонесе за исправање на историските неправди и отвора можност за нов и необременет духовен раст на Охридската Архиепископија. Верувам дека целиот процес на признавање на автокефалноста на Македонската православна црква – Охридска Архепископија ќе заврши со скоро потпишување на Томосот од Вселенскиот Патријарх г.г.Вартоломеј, што ќе придонесе за исполнување на еден од нашите национални интереси и за напредок и помирување во македонското општество“,
вели Пендаровски.
Одлуката на СПЦ денеска ја објави српскиот патријарх Порфириј на заедничка литургија во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје.
Поврзани вести:
- Патријархот Порфириј објави: Соборот на СПЦ прифаќа и признава автокефалност на МПЦ-ОА
- Архиепископот Стефан: 55 години чекавме во тремот некој да се погрижи за нас – денес дојде нашиот собрат и сослужител неговата светост Порфириј
- ФОТОГАЛЕРИЈА: Како помина заедничката литургија во Скопје на која СПЦ објави признавање на автокефалноста на МПЦ-ОА
- (ВИДЕО) Ковачевски: Автокефалноста на МПЦ-ОА е признание за наследството на Охридската архиепископија
- Заев: Договорот од Преспа, членството од НАТО и Отворен Балкан се причини зошто од денес немаме проблем ниту со МПЦ-ОА
- Мицкоски: Голем ден за МПЦ-ОА, сведоци сме на историја важна за нашиот народ и Македонија