Преработката на песната „Бела чао“ од Драган Спасов – Дац и Александар Митевски, која ја насловија „Корона чао“, стигна и до бугарскиот премиер Бојко Борисов.
Борисов објави видео како се вози во автомобил, а на звучниците ечи „Корона чао“.
Во обработката на Дац и Александар еден стих гласи „не кашлај тамо“, што потсетува токму на Борисов кој со истите зборови се обрати на еден од присутните на една прес-конференција.
„Само со заеднички напори, борбеност и дисциплина ќе се справиме со коронавирусот. Им благодарам на сите бугарски државјани кои ги почитуваат правилата. Само така ќе се вратиме на нашите нормални живот. Благодарност и до Дац и Александар. Северна Македонија може да смета на нашата поддршка“,
напиша Борисов во објавата со видеото.