Епидемиолозите избегнуваат прогноза за можниот развој на заразата и за времетраењето на кризата, но од неколку изјави во последните денови може да се насетат претпоставки дека таа нема да заврши наскоро. На пример, министерот за здравство Венко Филипче денеска остави простор дека кризата може да потрае, а српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа излезе со претпоставка дека децата во Србија нема да се вратат во училиштата до крајот на учебната година, непропуштајќи шанса уште еднаш да се самопофали за тоа што го прави.
Сторија