Жителите на Кочани на социјалните мрежи објавуваат потресни видеа на кои се гледа огнот по улиците и куќите што горат. Тие бараат помош од надлежните и коментираат „Господ нека ни е на помош“, „Итно споделувајте, куќите се зафатени“.
Кочанчани се мобилизираат и им помагаат на противпожарните служби во гасењето на пожарот. Други, пак, се во очајна битка за да ги спасат своите домови.
Пожарот што гореше околу градот попладнево навлезе во населбите и ги зафати куќите. Градоначалникот Николчо Илијев побара помош од надлежните. Припадници на Армијата се на терен и го гасат пожарот. Од Центарот за управување со кризи рекоа дека поддршка во гасењето не може да се даде од воздух зашто хеликоптерот за гасење може да лета само дење. Кон Кочани се упатија премиерот Зоран Заев и министерот за внатрешни, Оливер Спасовски.
Видеото можете да го погледнете на следниов линк.