На социјалните мрежи вечерва се споделува видео-запис направен од засега непознато лице, на кој може да се види и слушне како жител на главниот град на земјата вербално напаѓа група од неколку лица од азиско потекло во центарот на Скопје. На македонски и повремено на лош англиски јазик „домаќинот“ ја именува групата со „корона“, алудирајќи на вирусот кој се појави во Кина, ги псуе лицата и им порачува да се вратат во Кина. Жртвите на вербалниот напад првично реагираат одмерено, а потоа гледаат во своите телефони, ингорирајќи го натрапникот.
„Одете во Кина. Мрш од тука. Корона. Да ве е… во уста. Короништа едни“,
може да се слушне во дел од видеото.
.
.
.
.
.
.
.
.
.
.
.
.
Локацијата на настанот е на кејот на реката Вардар, веднаш до зградата на Министерството за надворешни работи. Судејќи по локацијата и фактот дека групата е формално облечена (во одела), не е исклучено да станува збор за дипломати или бизнисмени од некоја од азиските земји која била на состанок или средба во МНР.
Вербалниот напад веќе наидува на силна осуда на социјалните мрежи. Корисниците од земјава бараат санкции за напаѓачот кој самиот си го снимал актот, обвинувајќи го за расизам, ксенофобија но и недостојно претставување на својот град и држава.