Кога пожарникарите пристигнале на местото каде што горел автомобилот, пожарот веќе бил во разгорена фаза
Струмичките пожарникари вчеравечер гаселе запален автомобил на патниот правец Струмица-Дабиле.
Оттаму соопштија дека синоќа во 23:30 часот во гасењето на возилото учествувале пет пожарникари и едно противпожарно возило.
Кога пожарникарите пристигнале на местото каде што горел автомобилот, пожарот веќе бил во разгорена фаза.
Пожарот за кратко време бил локализиран и изгаснат.
Според информациите на струмичките пожарникари, со пожарот е причинета голема материјална штета на возилото.