Жителите на градот Гриндавик изјавија дека ги напуштиле своите домови во раните утрински часови во саботата бидејќи земјата се тресела, патиштата пукнале и зградите претрпеле структурни оштетувања
Околу 900 земјотреси го погодија денеска јужниот дел на Исланд, соопштија властите, покрај десетиците илјади потреси што го погодија регионот во последните недели, додека земјата се подготвува за можна вулканска ерупција. Речиси 4 000 луѓе беа евакуирани во текот на викендот.
„Во моментов се соочуваме со огромна неизвесност: дали ќе има ерупција и, ако е така, каква штета ќе има“,
рече Метју Џејмс Робертс, менаџер за истражување во Исландската метеоролошка канцеларија.
Жителите на градот Гриндавик изјавија дека ги напуштиле своите домови во раните утрински часови во саботата бидејќи земјата се тресела, патиштата пукнале и зградите претрпеле структурни оштетувања.
Whoahh! Extensive damage to roads west of #Grindavik, #Iceland. All roads are still closed to public traffic.
— Volcaholic ? (@volcaholic1) November 13, 2023
? Road administration pic.twitter.com/Vg6Ee9zEFe
Ханс Вера, 56-годишен Белгиец кој живее на Исланд од 1999 година, рече дека куќата на неговото семејство постојано се тресела.
„Постојано се тресеше, па не беше можно да се спие. Не се само луѓето во Гриндавик кои се шокирани од оваа ситуација, туку цел Исланд“,
рече Вера, кој привремено се преселил со своето семејство во предградијата на главниот град Рејкјавик.
Large cracks and extensive damage on the streets of #Grindavík, #Iceland….https://t.co/9kuObxqlb3 pic.twitter.com/aWeYuqvop7
— Volcaholic ? (@volcaholic1) November 13, 2023
Голема евакуација
Речиси сите 3 800 жители на градот успеале да најдат сместување кај членовите на семејството или пријателите, а само 50-70 луѓе биле сместени во центрите за евакуација, изјави претставник на спасувачките служби.
На некои евакуирани во неделата им беше дозволено накратко да се вратат во градот за да понесат документи, лекови или домашни миленици, но не им беше дозволено да заминат сами.
„Морате да го паркирате вашиот автомобил на пет километри од градот и има 20 автомобили, огромни автомобили на спасувачките екипи, 20 полицајци, трепкачки светла… Тоа е едноставно нереално, како воена зона или нешто слично, тоа е многу чудно“,
изјави Вера.
Полуостровот Рејкјанес е вулканско и сеизмолошки жариште југозападно од главниот град. Фонтаните од лава се појавија во март 2021 година од пукнатина во земјата долга помеѓу 500 и 750 метри во вулканскиот систем Фаградалсфјал во провинцијата.
Вулканската активност во областа траела шест месеци таа година, привлекувајќи илјадници Исланѓани и туристи. Тринеделна ерупција се случи во август 2022 година во истата област, по што следеше уште една во јули оваа година.