Индиската организација за вселенски истражувања лансира вселенско летало кон Сонцето во прва соларна мисија. Вселенското летало „Адитја Л1“ беше испратено од вселенскиот центар „Срихарикота“ во јужна Индија. Настанот се пренесуваше во живо, а го следеа илјадници луѓе.
По еден час и четири минути лет, ИСРО ја прогласи мисијата за успешна.
„Сега ќе продолжи на своето патување – тоа е многу долго патување од 135 дена, ајде да му посакаме среќа“,
рече шефот на ИСРО, Средихара Паникер Соманат.
Леталото е опремено да ги проучува сончевата корона, хромосферата, фотосферата и сончевиот ветер, соопшти Индиската организација за вселенско истражување (ИСРО).
Директорот на проектот Нигар Шаџи рече дека од оваа мисија ќе има корист не само за Индија, туку и глобалната научна заедница.
„Адитја-Л1“ сега ќе орбитира неколкупати околу Земјата пред да биде лансиран кон Л1, објаснуваат од ИСРО, од каде што додаваат дека од оваа гледна позиција ќе може постојано да го гледа Сонцето – дури и кога е скриено за време на затемнување и да врши научни студии.
Денешната мисија следува само две недели по спектакуларното слетување на индиска вселенска сонда на Месечината.