Како што се гледа на видеото објавено од „Еуроњуз Албанија“, поставено на социјалната мрежа „Јутуб“, пратениците кои се внатре во парламентот им помагаат на колегите да се прекачат низ прозорецот, подавајќи им столчиња
Хаос настанал во албанскиот парламент, откако пратеници влегле во салата низ прозорец по судир со обезбедувањето.
Нивните колеги кои биле внатре ги отвориле прозорците за тие да можат да влезат во Собранието.

Како што се гледа на видеото објавено од „Еуроњуз Албанија“, поставено на социјалната мрежа „Јутуб“, пратениците кои се внатре во Собранието им помагаат на колегите да се прекачат низ прозорецот, подавајќи им столчиња.
Пратениците Ервин Салијањи, Петрит Дода и Едмонд Спахо во петокот беа исклучени од работата на парламентот на 10 дена.
Единствени кои не успеале да влезат се Газменд Барди и Албана Вокши.
Нив чуварите ги спречиле да влезат преку прозорците.
Претходно, во 2021 година, но и во 2017 година имаше тепачки во албанскиот парламент.