Во деновите пред нас, убеден сум дека и други пратеници ќе се придружат на ова парламентарно мнозинство, кое ќе расте и ќе опстои за да ја спроведе програмата што ја подржаа граѓаните на парламентарните избори во 2020 година, вели првиот вицепремиер
Првиот вицепремиер Артан Груби од ДУИ уверува дека парламентарното мнозинство ќе расте и ќе опстои за да се спроведе програмата што ја поддржаа граѓаните на парламентарните избори во 2020 година.
„Сметам дека парламентарното мнозинство ќе расте со пратениците кои подржуват евроатлантска Северна Македонија. Во деновите пред нас, убеден сум дека и други пратеници ќе се придружат на ова парламентарно мнозинство кое ќе расте и ќе опстои за да ја спроведе програмата што ја подржаа граѓаните на 15 јули 2020, на парламентарните избори,“
вели Груби.
Тој додаде дека, освен со Алтернатива, имаат контакти и со движењето Беса и со Алијанса за Албанците, како и со ВМРО ДПМНЕ. Никакви контакти, како што вели, немаат, ниту ќе имаат само со Левица.
На прашање за обвинувањата дека владејачките партии вршат притисок врз пратеници, Груби рече дека ДУИ нема вршено никаков притисок врз ниту еден пратеник.
„ДУИ со ниту еден свој член нема вршено никаков притисок врз ниту еден од пратениците или кои било други политички партии. Напротив, жалиме што лидерите на тие политички партии ги ставија во заблуда своите пратеници и ги ставија во функција на уништување на европската агенда на Северна Македоинја. Не верувам дека сите тие 61 пратеник кои се потпиша на тие четири листа беа свесни дека, всушност, влегуваат во агенда за уништување на европскиот сон на граѓаните на Северна Македонија“
вели Груби.