Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листата кандидати за пратеници во четвртата изборна единица, Александар Николоски, во кампањата од предвремените парламентарни избори доби поддршка од поранешниот претседател Ѓорге Иванов.
Двајцата се сретнале во Валандово, родното место на Иванов, а Николоски сподели видео од средбата.
„Денес сум горд што добив поддршка од Претседателот Ѓорге Иванов. Претседателот Иванов, мојот професор од студентските денови, од кого научив многу за политиката која сега ја применувам, е најчесниот и најискрен Претседател кого Македонија го имала. Далеку најголем патриот на чело на државата. Човек кој се спротивстави на националното обезличување на Македонија. Неговата визија и совети се од голема помош за мене во оваа кампања. Денес во неговото родно Валандово разговараме за иднината на Македонија. Ќе ја направиме економски силна, а народот национално горд. Заедно ќе победиме во четворката и во цела Македонија“,
објави Николоски.