На местото биле пронајдени и четири товарни возила натоварени со огревно дрво, едно патничко возило, три моторни пили и други предмети кои биле користени за сеча на дрвата. Сите се одземени од полицијата за понатамошна постапка
Поради бесправна сеча на дрва, во голема полициска акција на местото викано Рамно на планината Скопска Црна Гора, во вторникот се уапсени десет лица, информира МВР. Уапсените се на возраст од 22 до 51 година.
Во акцијата се запленети околу 400 кубни метри исечено огревно дрво.
На местото биле пронајдени и четири товарни возила натоварени со огревно дрво, едно патничко возило, три моторни пили и други предмети кои биле користени за сеча на дрвата.
„Возилата, дрвата и другите предмети биле одземени за понатамошна постапка, а лицата биле задржани во полициска станица и со нив бил извршен службен разговор“,
информира МВР во писменото соопштение.
Од МВР додаваат дека по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител против лицата ќе биде поднесена кривична пријава по член 226 од Кривичниот законик.