Министерот за здравство, Венко Филипче, утрово ја посети Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје, каде синоќа на една минута после полноќ, со неколку секунди разлика, се родија првите две бебиња во 2021 година.
Првото бебе во новата година го донесе триесет и пет годишната Бојана Миланова. Здравото машко дете тежи 3 650 грама и долго е 51 сантиметар. Тоа е второ дете во семејството Миланови.

Само неколку секунди подоцна, на свет дојде уште едно машко бебе. Триесет и три годишната Габриела Ѓошевска го роди своето прво бебе тешко 3 350 грама, 51 сантиметар долго.

Министерот Филипче им посака здравје, среќа, многу љубов и безгрижно детство на новородените бебиња, соопштија од Министерството за здравство. Министерството за труд и социјална политика на мајката на првото бебе и подари златник, а Град Скопје штедна книшка. Второто бебе исто така доби златник и штедна кништа.
